Бесплатно вино за сите оние кои ќе дојдат на тродневниот новогодишен фестивал во паркот Авионче

Од денес па се до 27-декември во скопската населба Аеродром во паркот Авионче ќе се одржи новогодишниот фестивал “Новогодишна Бајка“. Овој фестивал освен храна и вино на скопјани ќе им обозможи и добра забава каде ќе настапат бројни македонски музички ѕвезди како: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.

Гест за поздрав е потегот на винаријата Парагон, која по повод новогодишните празници на сите посетители на настанот во сите три дена ќе им обезбеди бесплатно вино, велат организаторите.

Како еден убав гест оранизаторот на овој настан ја посочува винаријата Парагон каде на сите посетители во сите три дена колку што трае овој настан ќе им обезбеди бесплатно вино.

Настанот е финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а дополнително е финансиски поддржан и од Општина Аеродром.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.