Боб Дилан отвора изложба на свои слики во Милано

Американскиот пејач Боб Дилан го претстави својот помалку за јавноста познат талент за сликање, преку отворањето на изложбата во Милано на неговите слики посветени на Њу Орлеанс настанати во периодот меѓу 2008 и 2011 година.Серијата слики коишто според италијанската критика потсетува на правецот „филм ноар“, го прикажува градот Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана каков бил во 1940-те и 1950-те години, а меѓу нив е и платното на кој е прикажана жена којашто се обидува да се раздвои двајца скитници во долги наметки за дожд кои се расправаат.Сега 71-годишниот Боб Дилан почнал да слика во 1960-те, кога беше на врвот од својата музичка кариера, меѓутоа сериозно и’ се врати на оваа уметност во 1994 година, од кога досега приреди три самостојни изложби.„Секое дело е дел од поширока историја и секоја слика е на половина пат меѓу сонот и сеќавањата“, истакнува градската управа на Милано во текстот со кој промовира изложбата.Сликите настанале на основа на фотографии и „зрачат со необичната атмосфера“ со своите приказни за „љубовта и насилството“
MakфаксАмериканскиот пејач Боб Дилан го претстави својот помалку за јавноста познат талент за сликање, преку отворањето на изложбата во Милано на не

Пронајдете не на следниве мрежи: