четврток, 12 ноември 2026
Најново

Болести кои може да се излечат со водење на љубов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Универзитет од Бристол полни 10 години спроведувал истражување за сексот и неговто влијание врз здравјето, а резултатите, велат научниците, ќе ви дадат дополнителен поттик за експериментирање во креветот.
Се покажало дека ризик од смрт е дури 50 отсто помал за мажите кои на неделна база доживуваат барем два оргазми. Редовниот секс ги намалува и опасностите од добивање на мозочен удар, а го спречува и развојот на срцевите заболувања.


Активност во креветот исто така е еден од најделотворните еликсири на младоста. Двојките ки имаат секс најмалку четири пати неделно изгледаат седум години помладо од двојките кои тоа не го прават доволно често, покажала студија од една болница.
Психологот Дејвид Викс објаснува дека во текот на сексот се активира хормонот за раст, кој освен што ги уништува слободните радикали, ја чува и нашата кожа и мускулите, а дури и ги намалува брчките.
Редовниот секс го „убива“ стресот и поттикнува поквалитетен сон, а одличен е и во борба против ракот.
-Честата ејакулација го намалува создавањето на канцерогени станици во простата, а истражувањата докажаа дека мажите, кои во дваесеттите ејакулирале седум пати во текот на недела дена, имаат доста помал ризик од добивање рак ан простата во подоцната животна доба“, кажал професорот Грем Гилс.

Поврзани вести