Бомбици со вкус на портокал

300 г мелени бисквити
200 г мелени ореви
250 г млеко во прав
250 г маргарин
200 г чоколадо
200 г шеќер во прав
2 портокалa
200 г чоколадо
4 лажици масло
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги бисквитите, оревите и млекото во прав. Во садот изрендајте ги кората од портокалите и 200 г чоколадо. Исцедете ги портокалите и со сокот замесете смеса. Формирајте ги бомбиците и наредете ги на решетека од рерна.
Преостанатото чоколадо искршено на парчиња растопете го со маслото. Со лажица прелијте ги бомбиците и откако чоколадото ќе се стегне ставете ги во хартиени корпички.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.