Брајан Авиа е единствениот македонски претставник на Светското атлетско првенство за младинци во САД

Брајан Авиа ќе биде единствениот македонски претставник на Светското младинско првенство во атлетика (спортисти до 20 години), што ќе се одржи во Јуџин, Орегон (САД) од 5 до 9 август.

Авиа ќе настапи во дисциплината скок во далечина, на 6 август. Авиа е македонски младински рекордер во оваа дисциплина. Тој го постави рекордот од 7,15 метри пред две недели на Балканијадата во Романија.

Инаку, Авиа има и скок од 7, 20 метри, но со недозволена јачина на ветрот, па затоа не е признат.

Брајан на СП ќе биде придружуван од неговиот тренер Ѓорѓи Вучков, кој ни изјави дека лесно е можно нашиот атлетичар од САД да се врати со нов македонски рекорд во оваа дисциплина.

На Светското У20 првенство ќе настапат над 1.700 атлетичари од речиси 200 земји.

Пронајдете не на следниве мрежи: