Брза пита со спанаќ: Сочна и хранлива пита за совршена вечера!

Ќе уживате во секој вкусен залак
Состојки:
400 гр спанаќ
4 јајца
1 чаша пченкарно брашно
2 чаши пченично брашно
100 мл масло
1 кесичка прашок за пециво
1 до 2 лажички сол
1 чаша кисело млеко
300 гр сирење.
Подготовка:
Спанаќот измијте го и исецкајте го или искинете го, па прелијте го со врела вода и оставете го настрана. Ако преферирате, можете и да го обарите.
Изматете ги јајцата и додадете ги другите состојки. На крај, додадете го спанаќот што го исцедивте од водата и сè убаво измешајте. Истурете во подмачкан плех со средна големина и ставете го во веќе загреана рерна и печете на 200 степени околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.