Брз и лесен рецепт за пилешка салата

Брза и едноставна за правење, може да ставите и повеќе додатоци по желба и вкус.
Потребни состојки:
300 г пилешко месо
100 г печурки
2-3 кисели краставички
2-3 лажици мајонез
200 г павлака
Начин на подготовка:
Пилешкото сварете го убаво со различни зачини, па исечкајте го. Печурките може да бидат свежи, па кратко пропржени или од саламура. Исечете ги и нив на помали парчиња, како и киселите краставички. Убаво измешајте ги со месото(изладено), па додадете ги павлаката и мајонезот. Мајонез може да ставите повеќе или помалку зависно колку силен вкус сакате. Сè заедно измешајте и по желба додадете зачини(сол, бибер, сув магдонос и сл.)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.