Брз рецепт за посни, неутрални кифли што можете да ги јадете со сè

Вкусни, едноставни и посни кифли можете да ги јадете солени или благи.
Состојки:
400 мл млака вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка куркума
2 лажички сол
1 лажичка оцет
20 гр свеж квасец
700-750 гр брашно
1 прашак за пециво
За мачкање:
100 мл вода
1 лажица брашно
малку сол
Подготовка:
Измешајте го квасецот и шеќерот со малку млака вода. Додадете куркума, преостаната вода и оцет. Истурете половина од брашното, прашок за пециво и сол во сад, а потоа започнете да го месите тестото, постепено додавајќи го остатокот од брашното.
Оставете го тестото 30 минути.
Промешајте, поделете на два дела и истегнете. На истегнатото тесто исечете ги триаголниците и завиткајте ги во ролни.
Наредете ги пецивата во плех за печење и оставете ги уште половина час. Варете вода, сол и брашно, и додека е жешко, премачкајте ги ролатите, па печете ги 30 минути на 200 степени.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.