Брз рецепт за фахитас

Најверојатно веќе го имате својот рецепт за фахитас, но ние инсистираме да го пробате и овој, бидејќи сме сигурно дека ќе го обожавате!
Брз рецепт за фахитас
Потреби состојки за 2 лица:
400 г пилешки гради
1/2 зелена пиперка
1/2 црвена пиперка
1 жолта пиперка
малку рендано сирење
неколку листови зелена салата
100 г крем сирење
мајонез
маслиново масло
1 кисело млеко
3 до 4 чери домати
малку кромид и лук
мексикански зачини
тортиљи


Начин на подготовка:
За полнежот:
Исечете ги пилешките гради на ленти и ставете ги во неколку зачини и неколку капки маслиново масло. Оставете ги 20 минути. Исечете го кромидот на малку поголеми, но не премногу големи парчиња. Загрејте го маслото во тава, ставете го кромидот а потоа и месото. Потоа додајте ги пиперките. Додадете уште малку од залините. Откако ќе завршите, исечкајте ги доматите на мали парчиња и додадете ги. Исечете ја и зелена салата на ленти.
За сосот:
Во зависност од саканата текстура комбинирајте ја количината на состојки. Ставете 100 г од крем сирењето, две лажици мајонез, лук во прав, сол и бибер.
Редење:
Прво распоредете ги тортиљите со сосот, па врз нив ставете го филот и потоа додајте го ренданото сирење и зелената салата. Завиткајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.