Во однос на една година претходно, во јануари 2013 година во Босна и Херцеговина бројот на невработените лица се зголемила за 13.867, па во моментов ги има повеќе до 550 илјади, според директорот на Агенцијата за статистика на БиХ, Зденко Милиновиќ.Бројот на невработените лица во јануари годинава изнесува 554.714, што е за 2,5 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.Според Милиновиќ, меѓу невработените најголема е бројката на висококвалификувани и квалификувани лица, коишто во јануари според евиденцијата на заводите за вработување во Босна и Херцеговина сочинувала речиси третина од вкупниот број невработени.Дури 34.820 невработени лица се со висока стручна подготовка, меѓу кои има и доктори и магистри на науки. Меѓу невработените, исто така, повеќе се жени и нивното учество во вкупната бројка изнесува 50,2 проценти.Во јануари се зголемил и бројот на вработени лица за 0,3 отсто и сега ги има 651.342. Најмногу лица се вработиле во администрацијата и во услужните дејности.
МакфаксВо однос на една година претходно, во јануари 2013 година во Босна и Херцеговина бројот на невработените лица се зголе