ВАКА ТРЕБА ДА СЕ ОБЛЕКУВА СЕКОЈА ЖЕНА НА 50 ГОДИНИ

Канадската инфлуенсерка Грејс Ганем која за кратко време собра голем број следбеници и стана вистинска модна икона и ги инспирираше жените во зрелите години ширум светот, повторно воодушеви.
Со многу стил, Грејс ги крши модните правила, пркоси на годините и храбро го носи она што многумина не би се осмелиле.
Таа повторно им даде домашна задача на сите дами кога е модата во прашање, а позитивните коментари под објавата на Инстаграм не престануваа. Се согласуваме дека подобар стајлинг одамна не сме виделе.
Зимските денови најдобро е да ги „украсите“ со впечатлив стајлинг и затоа таа секогаш се одлучува за светли бои. Овој пат таа избра жолти ѕвонарки и светло син џемпер.
Доколку ви снемува инспирација и сакате да изгледате моќно, како вистинска трендсетерка, копирајте го овој стајлинг:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.