Ванила брауни

ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
10 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
150 мл млако млеко
50 мл масло
8 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
2 пудинга од ванила
800 мл млеко
100 г бисквити
250 г маргарин
10 лажици шеќер
50 г кокосово брашно
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Се додаваат течните состојки, а потоа и сувите и се доматува.
Готовата смеса се нанесува во намрсена тава бр 36. Се пече пандишпан, околу 20 минути на 180 степени. Откако ќе се излади се сече на половина по хоризонтала.
Во тенџере на оган ставете 500 мл млеко и шеќерот. Со преостанатото млеко размешајте ги пудинзите.
Се додава во зовриеното млеко и се вари додека се згусне пудингот. Во жешкиот пудинг се додава маргаринот и се меша со жица додека се растопи. Потоа се додаваат искршени бисквити и се промешува филот. 3 лажици од филот се оставаат на страна.
Со преостанатиот фил се премачкува првата кора пандишпан и и се прекрива со втората кора. Се премачкува со 3-те лажици фил, претходно оставени на страна и се наросува со кокосово брашно. Откако колачот ќе се излади и ќе се стегне се сече на парчиња.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.