Вегански бургери од наут и тиква

Одличен рецепт за време на есенските и зимските месеци! Овие бургери од наут и тиква се толку вкусни што ќе го импресионираат секој што ќе ги проба!
Вегански бургери од наут и тиква
Потребни состојки:
250 г зготвен наут
250 г пире од тиква
60 г сечкам кромид
30 г сечкан магдонос
1 и 3/4 лажички лук во прав
1 лажичка ким
1/4 лажичка црвен пипер
1 лажичка сол
половина цеден лајм
микс од 2 лажици ленено семе + 1 и 1/2 половина лажици вода или користете јајце ако не сте вегани
95 г брашно од спелта
280 милилитри растително млеко
130 г лебни трошки


Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги веќе зготвениот наут и блендирајте го. Потоа додадете го пирето од тиква.
Додадете го кромидот и магдоносот и промешајте, а потоа додадете ги зачините и сокот од лајм. Блендирајте.
Полека додавајте го млекото и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
Додадете го брашнотои направете добро тесто.
Потоа направете мали бургери и секој бургер треба да го поминете добро од двете страни во тањир со лебни трошки.
Пржете ги на тивок оган и во тава со 2-3 лажици масло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.