(Видео) Андоновска: Одговорно ви тврдам, во Македонија моментално НЕМА ТРИКАФТА!

Одговорно ви тврдам, во моментов Македонија нема „Трикафта“ за пациентите на кои овој лек им е потребен, откри во денешното гостување во „Тешки муабети“ носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во ИЕ 1, Д-р. Добрила Андоновска.

– Ова е информација од колешка пулмолог, во Македонија во моментов нема Трикафта. Пациентите веројатно ги лажат дека ќе добијат лек денес-утре, но ние немаме Трикафта. Во Македонија мора да се посвети посебно внимание и да се набават лекови за пациентите кои боледуваат од ретки болести, нагласи Андоновска.

Таа истакна дека веќе и Босна и Херцеговина е пред Македонија во некои делови од здравството.

– На пример за дијабет тип еден имаат повеќе поволности за заболените, нагласи Анодновска.

Пронајдете не на следниве мрежи: