Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

„Во Скопје, во Македонија доаѓа нивниот пријател од Германија, од нивната сестринска партија ЦДУ. Човекот е еден од највлијателните, во врвот е на таа политичка партија и вели, по разговорите со раководството на таа партија, ВМРО-ДПМНЕ добив недвосмислен впечаток дека тие се за уставни промени. Значи Германецов еден состанок направил со своиве другари и тие му признале тоа што не го признаваат со години пред македонскиов народ и пред македонскиве граѓани”, рече Пендаровски.

Во оваа насока Пендаровски додаде дека пред 4 години Силјановска Давкова изјавила дека потписниците на Преспанскиот договорот треба кривично да одговараат, а сега во нивната програма стои ,,НАТО е гаранција за безбедноста на Македонија”.

„НАТО без Преспа не бива. Значи лажење без усул”, подвлече Пендаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.