Оливер Спасовски вели дека не е навреден затоа што не бил на тајните средби меѓу Заев и Мицкоски, за кои вечерва практично потврди дека се случиле.
Новинарот Попетревски го праша министерот Спасовски дали бил навреден што тој не бил дел од групата која била на тајни средби со Мицкоски.
– Не бев на таа средба и немам зошто да бидам навреден, јас сметам дека некој во тоа време проценил дека треба да напрваи некаков тим кој ќе разовара за одредени прашања во СДСМ, тоа го направиле, разговарале заеднички и жалам што ги пренесоа тие разговори во јавноста.
- 12:05 за промени во СДСМ: Филипче е единствената гаранција за долго владеење на Мицкоски
- Колку долго мажот може да издржи без секс? Одговорот ќе изненади многумина
- По разводот, Дијана сакаше само едно нешто, но и тоа не ѝ го дадоа: ново шокантно откритие од братот на принцезата
- Саботажа на границата на НАТО: пресечени кабли и оштетена опрема на латвиско-белоруската граница
- Хаос во Њујорк: Прогласена е вонредна состојба
На петти јануари во Струмица на ручек Ахмети сака изворно од Заев да слушне што разговарал со Христијан Мицкоски и затоа иницира средба, на која присуствувал и Оливер Спасовски.
– Јас бев на 05.01 во Струмица по повик на Ковачевски кој не присуствуваше на средбата, да бидам присутен и на покана на Заев, вели Спасовски.
Спасовски не исклучува широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што вели дека за евентуална таква коалиција ќе одлучуваат органите на партијата.
– Јас не сакам да разговарам на претпоставени прашања и да бидам тој кој ќе носи одлуки, за ова прашање треба да се разговара во органите на партијата, каков ќе биде настапот пред или по избори, вели Спасовски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



