(Видео) Јакимовски: Да се откажам од Гоце Делчев за да не бидам на „црна листа“? „Да“ за Европска унија, но не по секоја цена!

Цел Балкан заедно е 15 милиони, ЕУ прими 10 милиони Украинци, зошто сме проблем ние? Јас ја поддржувам иницијативата „Отворен Балкан“ и сметам дека ние треба да настапиме кон ЕУ со заедничка политика, истакна во денешното гостување во „Само интервју“ претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Велам „да“ за Европската унија, но да дадеме рок до 2030 година, ако не да си бараме решение. На нас ни требаат инвеститори, ни треба младите да не се иселуваат. Кажете ми која друга земја имала вакви барања на патот кон ЕУ? Замислете да се отворат такви прашања меѓу Хрватска и Србија, меѓу Хрватска и Босна…

Што треба, за да не бидам на црна листа да се откажам од Гоце Делчев? Историчарите нека си решаваат историски проблеми, ама за јазик и идентитет не се преговара и тоа не може да биде услов за влез во ЕУ! – рече Јакимовски.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: