Јакимовски: Мора да произведуваме тоа што пазарот бара, а моментално се бара оружје – Сметам дека треба под итно да се отвори катедра за вооружување на Машинскиот факутлет во Скопје

Мора да произведуваме тоа што пазарот бара, а моментално се бара оружје. Јасно е дека нема доволно оружје за овој конфликт во Украина и ние треба да бараме шанса во таа индустрија. Сметам дека треба под итно да се отвори катедра за вооружување на Машинскиот факутлет во Скопје, оваа потреба за вооружување ќе траее во следните 20-30 години.

Украина ќе се обновува и нашите компании мора да се подготват за обновата на Украина, јас уште сега би пратил економски промотори во Украина, не само за градежништвото, туку и за храната, конзервната индустрија и слично. Ајде да им дадеме на нашите компании работа со закон, како што направивме со Бехтел и Енка.

За Отворен Балкан, јас сметам дека тоа е одлична идеја, таа треба да се шири и земјите од Западен Балкан покрај координирана економска, треба да имаат и заедничка надворешна политика кон ЕУ, бидејќи очигледно исто нѐ третираат сите од Западен Балкан. Треба да се ослободите од таа србофобија.

Од една страна се турка резолуцијата за Сребреница, а од друга страна се турка напуштање на Отворен Балкан. Се вовелкува Македонија во изолација и конфликт со Србија, земја која пред година дена ни реши децениски спор и не водејќи сметка дека во Македонија има повеќе националности и Македонци и Срби и Власи и мора да се води сметка за сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.