ВИЕНСКА ШНИЦЛА, каква што треба да биде

Виенската шницла е прочуениот австриски специјалитет кој се состои од поховано тенко парче телешки бут.
Тајната на вкусната виенска шницла лежи во специјалната подготовка, каде што месото најпрво се валка во брашно, а потоа во јајца и на крајот во презла.
Се пржи во тавче, а потоа се послужува со компир салата или пржени компирчиња.
Парчето месо се подготвува од домашно свинско и телешко месо, свежи лебни трошки, а тајната на совршената шницла лежи во пржењето.
Тајната е во температурата на пржење, открил Маркус Брунер, главен готвач во еден ресторан.
За да биде месото сочно, тоа се сече дури по нарачката, па се мава со толчник за месо на точно 4 милиметри дебелина и размер од 30 сантиметри.
Месото полека се става во тавчето за пржење, никако не се притиска или тапка. Тоа е многу важно за да се создаде убава и крцкава кора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.