Викенд ручек: Полнети мини ролати од компир, потопени во сос

Мини ролати од компир, полнети со салама и кашкавал, потопени во бешамел сос со стопен кашкавал – звучи примамливо и идеално за викенд ручек, зарем не?
Искористете го викендот за експериментирање во кујната и пробајте нов рецепт со компир на кој никој нема да може да одолее.
Наполнети парчиња компир и сролајте ги, а потоа наредете ги во сад врз бешамел сос со растопен кашкавал и моцарела и ставете да се печат на 190˚с.
Набавете ги потребните состојки, изгледајте го видеото со инструкции и покажете ги вештините во кујна.


Потребни состојки:
5 големи компири, тенко исечени на кругови
6 парчиња салама, сечкана на мали правоаголници
6 парчиња кашкавал, сечкани на мали правоаголници
сенф
путер, за мачкање
За бешамел сос:
¼ шолја путер
1/3 шолја брашно
1 ¼ шолја млеко
1 шолја рендан кашкавал
½ шолја рендано моцарела сирење
сечкан кромид или друго зеленило за сервирање

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.