Викенд ручек: Потпечено пилешко со печурки

Одлична и вкусна комбинација на состојки во кои ќе уживате.

Состојки:
– 500 гр пилешко бело месо
– 400 гр свежи печурки

Бешамел сос:
– 30 гр путер
– презла
– 1 1/2 лажица брашно
– 300 мл млеко
– 100 гр павлака
– кашкавал за посипување

Подготовка:
Белото месо исецкајте го на тенки шницли и исчукајте го. Месото и печурките посолете ги малку пред да се пржат. Секој стек пропржете го на малку масло, колку да добие боја.
Печурките се пржат посебно, во маслото во кое се пржело месото.
Бешамел сосот се прави така што путерот се топи, во него се динста лажица ипол брашно, се додава млекото и кога ќе почне да врие, се промешува павлаката.
Огроотпорен сад намрсете го и посипете со презла, па наредете ред бело месо, па ред шампињони, па прелијте со бешамел сос. Направете го тоа додека не се искористат сите состојки.
На крај изрендајте го кашкавалот и ставете го во рерна да се пече околу 20 минути на умерена температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.