Вкусен, евтин и брз ручек, компири и ориз во тепсија

СОСТОЈКИ:
1 кг компири
200 гр кромид
200 гр ориз
100 мл масло
2 лажици сув зачин
2 лажици црвена пипер
сол
бибер
вода
3 чешниња лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го кромидот ситно, компирите на тркалца, оризот измијте го и се измешајте во тепсија заедно со зачините. Намастете, налијте вода, поклопете и печете во загреана рерна на 240 степени околу 30 минути.
На врелото јадење можете да ставите сечкан лук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.