Вкусен коктел што ќе ви го разубави дружењето со пријателите!

Дали сакате да подготвите пијалок за дружење со пријателите, но ниту вие, ниту вашата компанија не сте расположени за алкохол? Пробајalkoте го овој безалкохолен коктел кој може да биде одлична замена за класичните сокови што вообичаено ги пиеме во такви прилики.
Коктелот е направен многу едноставно и дури не ви треба коктел шејкер туку само обичен бокал. Има само три состојки кои лесно можат да се најдат во продавниците, така што подготвувањето (и пиењето) на овој коктел нема да ви донесе главоболка.
СОСТОЈКИ (околу седум коктели од 2 dcl):
5 dcl сок од брусница
5 dcl сок од ананас
5 dcl безалкохолно пиво од ѓумбир (ginger ale)
коцки лед
ПОДГОТОВКА:
Во голем стаклен бокал, прво истурете сок од брусница и ананас и промешајте со лажица. Потоа истурете ѓумбир пиво и промешајте повторно. Ставете неколку коцки мраз во чашите и потоа истурете го коктелот.
Секако, можете да го „зачините“ коктелот со малку алкохол, а најдобриот избор ќе биде обична вотка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.