Вкусен појадок кој се припрема за само 15 минути

Употребете ги состојките кои ги обожувате: шунка, сланина, пиперка, кашкавал, домат, лук… и подгответе појадок кој ќе ги задоволи сите ваши сетила. За овој рецепт ќе ви бидат потребни само неколку минути, а со истиот можете да го изненадите вашето семејство и да бидете расположени од самиот почеток на денот.
Потребни состојки:
– неколку земички
– јајца, по едно за секоја земичка
– црвена пиперка, исечкана
– изрендан кашкавал 
– сол и бибер
– шунка, сланина или друга состојка по ваш избор
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и припремете ги сите состојки.
2. Исечете го врвот на земичките и издлабете ги, но внимавајте да не ја дупнете кората.
3. Наполнете ја секоја земичка со кашкавал, пиперка, шунка или друга состојка по ваш избор, додадете го јајцето одозгора и зачинете со малку сол и бибер.
4. Вака подготвени ставете ги земичките во претходно загреана рерна и печете 10-15 минути додека јајцето не добие златножолта боја.
5. Сервирајте ги топли.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.