Вкусен пудинг со семе од чиа и банана

Овој пудинг со семе од чиа и банана е одличен појадок кој е многу здрав и лесен за подготовка! Ако брзате за работа или едноставно немате време да подготвувате комплициран појадок, тогаш овој рецепт мора да го погледнете.
Вкусен пудинг со семе од чија и банана
Потребни состојки:
35 г семе од чиа
150 милилитри млеко по избор
1 лажичка агаве сируп или мед
1 лажичка цимет
1 пасирана банана
1 банана за украсување
кокосови струготини за украсување


Начин на подготовка:
Во еден сад ставете ги семето од чиа, млекото, сирупот или медот, циметот и пасираната банана. Мешајте додека не се комбинираат.
Покријте го садот и оставете во фрижидер за 1 час.
Ставете од смесата во 2 чаши и украсете со сечкана банана и кокосови струготини или по избор.
Дополнителна информација:
Готовиот пудинг измешајте го и почекајте 2 до 3 минути, а потоа пак измешајте за да нема грутки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.