Вкусна пита со сирење од само две кори

Неверојатно вкусна пита
Состојки за кората:
800-850гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 лажица сол
200мл вода
200мл млако млеко
Состојки за полнење:
150 гр сирење
1 жолчка од јајце
За прелевање на корите, стопен путер 125гр измешан со 60мл масло
Подготовка:
Замесете тесто и оставете го да отстои. Исечете го на посакувани парчиња. Расукајте тенка кора, намачкајте ја со фил и прелив од путер и масло, покријте ја со друга кора. Завиткајте во ролна, а потоа во круг, малку притиснете со рацете и потоа со сукало. Премачкајте со остатокот од путерот и една жолчка и печете на 180 степени 30-35 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.