Вкусни проја мафини

Појадок кој ќе биде готов за помалку од половина час.
Доколку сте љубители на домашно пециво, ви го предложуваме овој едноставен рецепт.
Состојки:
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја брашно
Три лажички шеќер
Две лажички сол
Три и пол лажички прашок за пециво
1/3 шолја масло
1 јајце
Шолја млеко
Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте брашно, пченкарно брашно, шеќер, сол и прашок за пециво. На средина сипете млеко, масло и изматено јајце. Мешајте додека да добиете изедначена смеса без грутки.
Сипете во калапот за мафини и печете 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.