Вкусни шпагети со сланина и печена тиква

Кога на тиквата ќе се додаде малку димена сланина, нема сомнеж дека јадењето ќе биде вкусно
Потребни состојки:

500 грама тестенини по избор, јуфки или шпагети
500 грама исчистена тиква
2-3 чешниња лук
100 грама димена сланина
1 мал кромид
неколку свежи листови жалфија
малку маслиново масло
сол, бибер и лута пиперка по вкус


Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 220 Целзиусови степени. За тоа време исчистете ја тиквата и исечкајте ја на коцки. Колку помали, толку подобро, бидејќи побрзо ќе се испечат. Ставете ги исечканата тиква, како и неисчистените чешниња лук и кромид во тепсија. Прелијте ги со малку маслиново масло, наросете со бибер и зачини по желба (лута пиперка, каранфилче, босилек…) и потоа ставете го сето тоа во загреаната рерна. Печете ја тиквата додека не зарумени и омекне, околу 30 минути или подолго, што зависи и од големината на коцките на кои сте ја исекле.
Додека чекате да се испече тиквата, сварете ги шпагетите и подгответе ја сланината.
Нудли со пилешко и зеленчук
Исечете ја сланината на коцки и испржете ја во тавче. Извадете ја испржената сланина на чинија, а на маснотиите што останале, пропржете ги и листовите жалфија. Кога жалфијата ќе се испржи, и неа извадете ја од тавчето и оставете ја настрана.
Ставете ја печената тиква во блендер, извадете ги лукот и кромидот од лушпа. Сето тоа добро измешајте го и сомелете го за да добиете сос. Во сомелената тиква, односно во пирето од тиква, додајте ја водата во која се вареле шпагетите. Додајте онолку колку што е потребно за да добиете сос.
Посолете го и зачинете го сосот по вкус, па прелијте го врз сварените тестенини, добро измешајте и послужете веднаш.
Врз тестенините додајте парчиња пржена сланина и ливчиња жалфија. По желба, наросете изрендан пармезан или некој друг кашкавал по избор.
Напомена: Задолжително испржете доволно ливчиња жалфија, бидејќи совршено крцкавите листови со мирис на димена сланина се посебно уживање и сигурно ќе ви бидат малку колку и да испржите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.