Вкусно: Брза салата со пилешко и сусам

Направете вкусна салата со пилешко месо.
СОСТОЈКИ:
400 гр. пилешко обарено месо
150 гр. сусам
1 варен морков
200 мл. кисела павлака
200 мл. мајонез
сол по потреба


ПОДГОТОВКА:
Се вари пилешкото со морковот, се сечат ситно.
Се загрева сусамот на тава додека не добие златна боја, па се лади.
Се мешаат павлака и мајонез, се става пилешкото со морковот, сусам.
Се меша и се става сол.
Се декорира по желба.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.