Вкусно мезе од состојки кои секогаш ги имате во фрижидер

Ако сакате да направите нешто вкусно за гостите или домашните, а немате многу избор во фрижидер, тогаш овој рецепт е спасот.
Од обично готово тесто, кашкавал и салама направете топло мезе кое сите ќе го обожаваат во секој дел од денот.
Може да послужи дури и како солен појадок, замена за леб за време на ручекот или лесна вечера со некој сос или салата.

Потребни состојки:
2 пакетчиња лиснато тесто
24 парчиња салама по желба
24 парчиња кашкавал по желба
Масло
600ml млеко
50g брашно
50g путер
Подготовка:
Прво подгответе го бешамелот. Стопете го путерот, додадете го брашното, па на крајот млекото. Посолете и зачинете по желба. Оставете неколку минути да се олади и згусне.Исечете ги двете парчиња тесто на 12 квадратчиња и на секое парче ставете по 1-2 лажички бешамел. Размачкајте, па покријте со салама и кашкавал. Повторете ја постапката со секое парче тесто.
Во калап премачкан со масло наредете ги парчињата тесто вертикално.
Печете на 170 степени, 1 час и 10 минути.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.