Владата му одобри кредит на „Југохром“ да купи филтри

На владина седница одржана вчера одобрен е кредит во износ од 92.242.500 денари за набавка на филтри во комбинатот „Југохром“ во Јегуновце.
Според соопштението на владината прес-служба, Владата ја задолжила Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со „Југохром“ од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд.
Целта е да се изгради филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените, велат од Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.