Возачот ја исфрлил од автобус бидејќи била „непристојно“ облечена

Деветнаесетгодишната Швеѓанка Аманда Хансон е бесна поради потегот на „сексистички настроениот“ возач на автобус кој ја исфрлил од превозот во шведскиот град Малме, бидејќи на себе „немала доволно облека“.
Инцидентот се случил минатиот петок, а имајќи предвид дека температурата била околу 30 степени Целзиусови, девојката носела шорц и маица за која возачот сметал дека е непристојна.
Во постот на „Фејсбук“, тврдела дека возaчoт ѝ рекол дека „покажува премногу“ и не сакал да ја пушти во автобусот.


Аманда тврдела дека е соодветно облечена имајќи ги предвид високите температури, а потоа се оддалечила.
Толку многу се налутив така што сакав само да врескам и плачам. Какво е ова сексистичко однесување? Никогаш во животот не сум почувствувала вакво понижување“, напишала Аманда во постот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.