Во Владата денеска ќе бидат потпишани договори за финансиска поддршка за изградба на железничката делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир.
Оваа делница е значајна бидејќи е дел од источниот крак од Коридорот 8 и ќе овозможи железничко поврзување со соседна Бугарија.
Грантот е обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, а за финансирањето ќе бидат потпишани и договори со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
The post Во Владата потпишување на договори за финансирање на пругата Крива Паланка -Деве Баир appeared first on Provereno.



