Во мода го враќа ГУЧИ, а трендсетерките веќе го присвоија: Ова есенско винтиџ парче може да го најдете и во гардеробите на баба

Сите знаеме дека ретро модната сезона толку често носи стари трендови, понекогаш дури и долго заборавени, „напуштени“ во осумдесеттите и деведесеттите години.
Сепак, понекогаш старомодниот тренд лесно може да се однесува на гардеробата што ја носат нашите баби … Или дури и дедовци!
Модната куќа Гучи, ни помалку ни повеќе, во својата сегашна колекција претстави плетени елеци што главно ги носеа нашите постари како едно од најпопуларните парчиња облека за есен. Не само тие, многу поскапи и пристапни брендови го следеа овој тренд и го вклучија ова парче во нивните сегашни колекции.
Без разлика дали ќе купите ново парче, или ќе ѕирнете во гардеробата на баба и дедо, плетениот елек ќе ви биде многу тренди, а уште поинтересно е што можат да се вклопат и комбинираат исклучително лесно: со кошули, ролки и со блузи …

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Tyler (@christietyler)


Плус, тие се практични, така што ќе не одржуваат топли кога е студено.
Што се однесува до боите, исто така се носат еднобојни елеци кои можете да ги вклопите со монохроматски комбинации, но и, да речеме, облека составена од неколку пастелни нијанси. Исто така, влегуваат елеци со различни мотиви, така што ќе биде statement парче наесен.
Винтиџ моделите веќе ги освоија срцата на инфлуенсерите, затоа пронајдете модна инспирација во една од овие есенски комбинации:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.