Времето сончево со мала умерена облачност, од понеделник заладување

Времето преку утрото ќе биде свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.