ВУЧИЌ И ЗЕЛЕНСКИ РАЗГОВОРУВААТ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ВО ЖИВО: За украинскиот претседател беше организиран церемонијален пречек, голем број гардисти пред Палатата на Србија (ФОТО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес го пречека украинскиот лидер Володимир Зеленски,

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, приреди вечера во чест на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во својата прва официјална билатерална посета на Србија.

Преку објава на Инстаграм, Вучиќ изрази очекување дека оваа посета ќе даде дополнителен импулс во односите меѓу двете земји:, објави 4news.mk

„Задоволство ми е што имам можност да го угостам претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој за првпат престојува во официјална посета на Србија. Верувам дека оваа посета ќе придонесе за понатамошен развој на односите меѓу Србија и Украина и за соработката во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател му посака добредојде на Зеленски во Белград и истакна дека неформалната вечера била одлична можност за отварање на прашањата кои ќе бидат во фокусот на утрешните официјални средби.

„Разговаравме за европскиот пат на нашите земји, но и за можноста на гостите да им го приближиме духот на Србија и дел од традицијата на која сме горди“, додаде Вучиќ, објави 4news.mk

Украинскиот претседател денеска слета на београдскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што беше дочекан од српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Ова е негово прво официјално доаѓање во Србија од стапувањето на функцијата претседател на Украина.
The post ВУЧИЌ И ЗЕЛЕНСКИ РАЗГОВОРУВААТ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ВО ЖИВО: За украинскиот претседател беше организиран церемонијален пречек, голем број гардисти пред Палатата на Србија (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: