По многу години, повторно во Москва. „Горд сум на антифашистичката борба на мојот српски народ и благодарен сум за огромната помош што ја имавме од Црвената армија за време на ослободувањето на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот.
Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.



