САД и нивните сојузници ќе ги уништат руските трупи и опрема во Украина и ќе ја потонат нејзината црноморска флота доколку Путин употреби нуклеарно оружје, предупреди поранешен директор на ЦИА.

Пензионираниот армиски генерал Дејвид Петреус изјави за ABC News дека не разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан за веројатниот одговор на САД на нуклеарната ескалација од Русија, за која претставници на американската администрација рекоа дека постојано и била доставувана на Москва.
„Ние би одговориле со водење на колективен напор на НАТО што ќе ги уништи сите руски конвенционални сили што можеме да ги видиме и идентификуваме на бојното поле во Украина и исто така на Крим и секој брод во Црното Море“, рече Петреус.
Пронајдете не на следниве мрежи:


