ГЕРМАНСКИ ТЕНКОВИ ЛЕОПАРД 2 НЕ МОЖАТ ДА ОДАТ ВО УКРАИНА Кристина Ламбрехт: Не сакаме да дејствуваме сами!

Германија не планира да испраќа тенкови произведени на Запад во Украина, изјави германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт во интервју за германскиот весник „Функе“.

ГЕРМАНСКИ ТЕНКОВИ ЛЕОПАРД 2 НЕ МОЖАТ ДА ОДАТ ВО УКРАИНА Кристина Ламбрехт: Не сакаме да дејствуваме сами!

„Не сакаме Германија да дејствува сама и секогаш ќе носиме одлуки во консултација со нашите партнери“, рече Ламбрехт, коментирајќи ги барањата на Украина да ја снабдува со тенкови од западно производство, како што е „Леопард 2“, пренесува германскиот портал N-tv.

Германската министерка за одбрана претходно објави дека Германија и доставила нова воена помош на Украина и дека одлучиле да се ограничат на два повеќецевни ракетни системи „МАРС II“ и 50 оклопни возила „Динго“, а изјавила и дека Киев продолжил да бара повеќе оружје, но дека Бундесверот ги исцрпил резервите на оружје за Украина, објави Спутник.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, претходно изјави дека секоја испорака на западно оружје во Киев ќе биде легитимна цел на руската армија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.