Германското Министерство за надворешни работи загрижено поради турската „агресивна реторика“

Неодамнешните изјави на турската влада „не помагаат на конструктивниот дијалог и стабилноста во регионот“, додека „особено агресивната реторика, како и турското нарушување на грчкиот воздушен простор, даваат причина за загриженост“, изјави во средата портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Кристијан Вагнер одговараше на прашање во врска со вчерашната средба во Берлин меѓу германски, француски, американски, британски и турски претставници и најавата на турското претседателство за ова прашање.

Тој додаде дека германската влада „напорно работи со партнерите за дијалог и деескалација во источниот Медитеран“.

На прашањето за германската позиција за милитаризација на грчките острови, Вагнер повтори извадок од изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок: „Грција игра важна улога кога станува збор за безбедноста на медитеранскиот регион. Во време кога безбедносниот поредок на Европа е суштински оспорен од претседателот Путин, ние мора да бидеме обединети како сојузници на НАТО и европски партнери. Проблемите мора да се решаваат со дискусија, а не со ескалација на тензиите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.