Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи дека уставните измени ќе бидат услов за формирање на идна влада, но повторува дека очекува спроведување на овие измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ.

Пред почетокот на панел-дискусијата „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан“, која се одржа денеска во ЕУ-Инфо центарот, во одговор на новинарско прашање дали ваквиот услов ќе значи вовед во политичка криза, рече дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го продолжи патот на земјава кон Европската унија.

Ние сме во среде изборна кампања и не одговорам на прашања за политички прашања. Се разбира, очекуваме спроведување на уставните измени, кои ѝ овозможуваат на земјата да напредува на својот пат кон Европската унија. Сакаме тоа да се случи што е можно поскоро, рече Гир.

Во организација на Здружението ЕСТИМА, Институтот за соработка и развој од Албанија и Постојниот секретаријат на транспортната заедница во ЕУ-Инфо центарот се одржа панел-дискусија на тема „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан. Покрај евроамбасадорот Гир учествуваа и директорот на Секретаријатот на транспортната заедница на ЈИЕ, Матеј Закоњшек, како и претседателката на Здружението ЕСТИМА, Ана Крстиновска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.