Водата смее да се користи само како техничка, додека надлежните чекаат три последователни негативни анализи за штетни бактерии.Оваа е веќе чуено по кој знае кој пат и нема ништо ново од Гостивар. Ниту напред ниту назад. НАводно само што не се исчистила водата, но нема струлна изјава туку само политички првенци од различни инсторуцуи и партии ја дефинираат водата како подобна , техничка и неисправна за пиење. ЛАбароториските испитвања со стандардна конструкција:
„ Водата од градскиот водовод во Гостивар останува небезбедна за пиење и готвење, иако последните лабораториски наоди покажуваат подобрување на нејзиниот квалитет.“
Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, соопшти дека водата моментов смее да се користи исклучиво како техничка, сè додека соодветните институции не потврдат три последователни негативни анализи за присуство на штетни бактерии.
Процесот на нормализација на водоснабдувањето во Гостивар бара строга медицинска и лабораториска верификација. Со цел целосно да се исклучи ризикот од бактериски инфекции кај населението, за официјално укинување на забраната за пиење е потребно дополнително време. Граѓаните ќе мора да почекаат на три последователни тестирања што ќе покажат нула присуство на штетни микроорганизми пред водоводот повторно да добие дозвола за употреба во домаќинствата.
Правната разврска за кризата со водоснабдувањето започна на 20 јули, кога Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка за тешки дела против животната средина и природата. Во рамки на оваа истрага, одреден е 30-дневен притвор за в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, како и за техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи. АКо се земе искуството и праксата на „брзо’ решение и правна разврска, како што е КОчани, ништо не ветува дека и Гостивар и приказната со водата ќе трае.
The post Гостивар сè уште без вода за пиење, ОЈО тврди дека води истрага против „Комуналец“ appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



