Готвачка открива кои јадења не треба да ги нарачувате во ресторан, подобро е да ги јадете дома

Готвачка и сопственичка на компанијата „Gastrono“ од Велика Британија, Гема Симонит, трди дека постојат јадења кои што никогаш не смее да ги нарачувате во ресторан затоа што доколку ги направите дома имаат многу подобар вкус.
Како што изјавила таа за „Mirror“, во ресторан нема смисла да нарачувате печено месо. Тврди дека никогаш во рестораните вкусот на печеното месо не е приближен до оној кога ќе го направите дома.
Иако таа е вегетаријанка, истакнува дека ниту печениот зеленчук нарачан во ресторан не е приближно вкусен како оној направен дома.


„Во рестораните печените работи изгледаат бедно, му недостасуваат разновидност или пак се прежилави или препечени. Никогаш не се зачинети како што треба ниту пак имаат дополнителни маснотии кои што се потребни“, тврди таа.
Ниту печениот компир во рестораните не воодушевува со неговиот вкус.
„Печениот компир е прозивод на љубовта со кој што погомиот дел од нас се поврзуваме поради семејството. Мислам дека тоа не може да ни се случи во ресторан“, истакнува таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.