Готови за 15 минути: Тортиљи со печурки

Ако сте во потрага по брз и топол оброк, овие тортиљи се совршени за вашата трпеза.
Освен што за многумина прва асоцијација на есента се печурките, тие се здрава намирница која изобилува со хранливи материи. Во продолжение, ви претставуваме рецепт за вкусни тортиљи со печурки кои се спремни за само 15 минути.
Потребни состојки:
– половина лажичка маслиново масло
– едно чешне бел лук
– половина килограм печурки по избор
– зачини: сол, црвена пиперка, куркума, бибер, чили (по желба)
– 2 тортиљи
– зеленчук: домат, зелка, пиперка


Начин на припрема:
1. Исчистете ги и исечете ги печурките на тенки парчиња.
2. На тава, загрејте го маслото и додадете го лукот. Кога ќе поприми жолтеникава боја, додадете ги печурките и посолете, а потоа додадете ги и останатите зачини.
3. Пржете ги печурките на оган околу десетина мнинути додека не пуштат вода, а за да го забрзате процесот, препорачливо е да ја поклопите тавата.
4. Додека печурките се крчкаат, исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња, а потоа додадете го во тавата, добро промешајте и гответе уште 2-3 минути.
5. Извадете ги тортиљите и на нив наредете ја готовата смеса, а потоа замотајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.