Министерството за внатрешни работи соопшти дека при изведување градежни работи на објект на територијата на општина Гази Баба, работник паднал од висина и го загубил животот.
„На 10.07.2026 година, околу 14:05 часот, во СBP Скопје е пријавено дека во реонот Гази Баба, за време на градежни работи на објект во изградба, И.И. (52) од Куманово паднал од висина. Лекар од Итна помош ја констатирал неговата смрт. На местото на настанот пристигнале полициски службеници од СBP Скопје, а известен е и трудовиот инспектор“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
The post Градежен работник почина откако падна од висина appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



