Град Скопје демантира дека кај нив е влезена ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА.

Жалиме што мораме на овој начин да се обратиме порталот Република кој наместо слободна уредувачка политика, практицира објавување на нарачки од политички центри.

Вчера градоначалничката Арсовска се пожали дека е мета на ботовите и фабриката за фабрикување на дезинформации:

Единствено што во моментов „се тресе“ се рачињата кои беа затекнати во медот. Жалиме што меѓу останатите, се „тресат“ и рачињата на „лидерот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од веројатно бил запознаен со тендерската постапка за изведувач на пречистителната станица во вредност од најмалку 136 милиони евра. Впрочем, Христијан Мицкоски во своето последно обраќање пред јавноста на интервју во „Телевизија 21“ покажа дека е детално информиран за набавката за која разрешениот директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Златко Перински тврдеше дека е доверлива.

Целосна лага е дека го Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈО го „треселе“ градот Скопје, уште помалку дека „влегле“ во градот како што наводно „дознале“ од порталот „Република“. До овој момент, ниту градоначалничката, ниту било кој од вработените во градската администрација не бил повикан да даде изјава.

Од информациите кои се достапни и за јавноста, до овој момент Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈОГОКК ја проверуваа документацијата за предметната јавна набавка во просториите на ЈП „Водовод и Канализација“.

Единствено што во моментов „се тресе“ се рачињата кои беа затекнати во медот. Жалиме што меѓу останатите, се „тресат“ и рачињата на „лидерот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од веројатно бил запознаен со тендерската постапка за изведувач на пречистителната станица во вредност од најмалку 136 милиони евра. Впрочем, Христијан Мицкоски во своето последно обраќање пред јавноста на интервју во „Телевизија 21“ покажа дека е детално информиран за набавката за која разрешениот директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Златко Перински тврдеше дека е доверлива.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.