АРСОВСКА ЦВРСТА: Град Скопје поденесе тужба против приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Градот Скопје поднесе тужба против приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, поради нанесена економска штета врз буџетот на Градот и непочитување на одредбите на договорот што, според Град Скопје, довело до раскинување на истиот.

Од Градот велат нема теми за преговори, особено кога истите се под уцени, и дека бараат укинување на решението за раскинување на договорот кој е раскинат поради прекршување на одредбите од договорот од страна на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Новиот јавен повик, како што информираат, трае 30 дена, и за истиот, како што велат, има интерес и сите заинтересирани домашни превозници можат да подигнат документација и аплицираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.