Грас Скопје се надмина, обележаа скоро 10 илјади пешачки премини и слично

9.447 квадратни метри површина на градските улици и булевари со обележана хоризонтална сигнализација во ноќните часови

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје во текот на изминатиов месец ја обележаа хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во вкупна површина од 9.447 квадратни метри. Рачно се обележани пешачките премини и автобуски станици во површина од 5.322 квадратни метри и 4.125 квадратни метри и машински се обележани надолжните линии на улиците и булеварите во Централно градско подрачје, Мал и Голем ринг.

Во текот на ноќното обележување се санирани и 75 оштетени рефлектирачки столбови и поставени се 31 нови на улицата Борис Сарафов, булевар Кочо Рацин, улица Кемал Сејфула и улица Никола Карев.

Паралелно со одржувањето на сообраќајната опрема се одржува и вертикалната сигнализација и тоа во изминатиов месец поставени се 11 нови сообраќајните знаци на булеварот Трета Македонска Бригада и булеварот Тодор Александров, а исправени се 12 сообраќајни знаци на булевар Борис Трајковски и булевар Србија кои беа уништени како последица на неповолните временски услови кои беа застапени изминатиот период.

Екипите продолжуваат и во наредниот период со ноќното обележување на хоризонталната сигнализација по утврдената динамика од Град Скопје, како и со контрола и санација на сообраќајните знаци и опрема на сите места каде што има потреба за интервенции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.