Граѓаните да бидат спокојни – лажна е дојавата за бомба во Народна Банка

До редакцијата на Инфомакс пристигнале информации и фотографии дека пред зградата на Народна Банка има засилено полициско обезбедување.

До институцијата пристигнала дојава за поставена експлозивна направа.

На терен пристигнале антитерористички единици, како и кучиња трагачи кои детално го чешлале теренот во потрага за бомба.

За среќа не е пронајдена никаква експлозивна направа на лице место.

Да се потсетиме дека пред една година, македонските институции и школи редовно добиваа лажни дојави за бомби, а официјалните државни органи посочија дека се работи за хибриден напад и војна која се води против Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: