Граѓаните ја победија калкулантско-додворувачката и непринципиелна политика на триото Заев-Ахмети-Мицковски

Вчерашниот голем ден беше ден кога мнозинството самосвесни и достоинствени граѓание на Република Македонија и кажаа ,,НЕ” на самопонижувачката политика водена од т.н политичко-партиски елити како и на обидите за самоукинување на еден народ. Мнозинството граѓаните околу 1.200.000 наспроти 600.000, кои го поддржаа референдумот, овој пат не ја проголта лагата и манипулацијата произлезени од неуставниот и срамен договор од Преспа. Коалиционата влада на Заев-Ахмети и неговата ,,купи-ден” додоворувачка проевропска политика доживеаа дебакл. Народот ги препозна даровите на Данајците и лажното мастило во пенкалото подарок. Лидерите на партиите на власт како и оние од опозицијата никако да сфатат дека нормален човек не може да поддржи ирационален и недостоинствен „срамен и понижувачки обид за затварање на т.н. Македонско прашање на Балканот“, самоомаловажување, самообезличување и редефинирање на сопствениот политички систем.
Во оваа прилика им оддаваме почит и на сите достоинствени граѓани и членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, кои ја покажа својата сила, воља и патриотизам, и ја прочитаа истата калкулантско-додворувачка политика на наметнатиот лидер на ДПМНЕ. Во обидот да не се замери со меѓународната заедница тој не смееше да изгради и изјави дециден партиски став. Полна му беше устата со флоскулата. ,,Не го менуваме Уставот, заради промена на името”, и чекаше други да му ја завршат работата. Срамно и недозволиво е најголемата политичка партија да нема единствен став по однос на клучното прашање за државата. Со бојкотирањето на референдумот членството ја спаси партијата и државата од самодевалвирачката дневна политика на партиското раководство.
Деновие кои ни претстојат ќе бидат од клучно значење за државата. Оваа раководна постава на ДПМНЕ поради ,,пресметлива политика на дневни основи“ нема капацитет да се справи со најголемиот предизвик во историјата на македонскиот народ и нема капацитет да издејствува оставка на владата на Заев-Ахмети, а уште помалку да победи на претстојните брзи парламентарни избори. Демократската фракција го повикува членството заеднички и сплотено да се справиме на погубните политики и на едните и на другите. Само сплотени и заеднички можеме достоинствено да го изодиме патот кон ЕУ и НАТО.
Соопштение до јавноста бр. 19, 01.10.2018 ВМРО ДПМНЕ – ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.